патка | ж.

Водна птица со широк и плоскат клун, со кус врат и куси нозе со широки стапала приспособени за пливање; Anas.

патка | несв.

Се гега, се ниша при одење, оди несигурно. Таа паткаше несигурно по тревата.

патлак | м.

(арх.) Пиштол.

патлиџан | м.

домат.

патник 1 | м.

Тој што патува пеш или со некакво превозно средство (автобус, воз, брод и сл.) Ноќен патник. Преморен патник. Патници со куфери и билети во рацете. Патници на перон. Вселенски патник.

патнина | ж.

Пари за на пат.

патнички 1 | прид.

Што е наменет за патници. Патнички вагон. Патничко возило. Патничка агенција.

патнички 2 | прид.

Што се однесува на патник2.

патоводен | прид.

Што насочува нешто, што служи како патоказ, што определува начин за излез од некаква состојба. Патоводна мисла. Патоводна идеја.