презрее | св.

За плод ‒ узрее, созрее премногу, повеќе отколку што треба. Сливите презреаја и паѓаа на земјата.

презрен | прид.

Што заслужува презир, што буди чувство на презир. Презрен човек.

презрив | прид.

преигра | св.

Изигра, одигра повторно или поинаку. Натпреварот ќе се преигра в сабота.

преизбере | св.

Избере, одбере повторно. Го преизбраа за директор.

преизбор | м.

Повторен избор. Преизбор на асистент.

преиздаде | св.

Издаде, објави повторно во печат. Го преиздадоа неговиот последен роман.

преименува | св. и несв.

Промени име, даде, дава друго име на некого или на нешто. Тие ја преименуваа својата ќерка. Локалната власт преименува неколку улици во градот.