президиум | м.
Претседателство (на конгрес и сл.).
презиме | ср.
Фамилијарно име што се наследува, обично, по машка линија или што се добива (по избор) при стапување во брак. Име и презиме. Христијански презимиња.
презими | св.
Помине зима на некое место, остане некаде во текот на зимата. Ќе презимиме во градот. Цикоријата може да презими на полето.
презир | м.
Чувство на пренебрегнување, крајно омаловажување. Во погледот имаше презир. Зборуваше со презир.
презира | несв.
презирен | прид.
Што изразува презир, што е полн со презир. Презирен поглед. Презирна постапка.
презоба | св.
За коњ и сл. ‒ назоба премногу, повеќе отколку што треба. Заборавија на коњите и ги презобаа.
презрамка | ж.
презре | св.
Се однесе со презир кон некого или кон нешто. Тие го презреа поради неговото лошо однесување. Тој ги презре нивните постапки.
презреан | прид.
За плод ‒ што е премногу зрел. Презреана лубеница. Презреани круши.