преиначи | св.

Преправи, промени, измени нешто. Врховниот суд ја преиначи пресудата. Новинарите ја преиначија неговата изјава.

преиспита | св.

Испита, провери повторно, уште еднаш. Ќе ја преиспитаме неговата работа. Треба да се преиспитаат некои факти.

преитар | прид.

Што е премногу итар. Преитра жена.

прек | прид.

Што е прав. Прек пат.

прекади | св.

Изврши кадење околу нешто, над нешто. Попот го прекади болниот.

прекажан | прид.

Што е пренесен, соопштен по индиректен пат. Прекажани зборови. Многупати прекажана анегдота.

прекаже | св.

Пренесе со свои зборови нешто што е веќе кажано. Тој ѝ ги прекажа нашите зборови. Таа им ја прекажа случката на другарките.

прекалаиса | св.

Калаиса повторно или поинаку. Ги прекалаиса сите тепсии.

прекалеми | св.

Калеми повторно, уште еднаш. Тој ги прекалеми лозите со слаба родност.

прекален | прид.

Што е премногу јак, цврст. Прекален челик.