прекали | св.

Искали премногу, повеќе отколку што треба, во поголема мерка. Ја прекалил мотиката.

прекапе 1 | св.

Престане да капе. Дождот запре, стреите прекапаа.

прекапе 2 | св.

Дојде во состојба на капнатост, немоќ поради замор, студ и сл. Жената прекапа од работа. Аргатите прекапаа копајќи цел ден. Тие прекапаа од студ дури стигнаа до колибата.

прекар | м.

Име што се добива покрај крстеното име според некоја особина, потеклото, занаетот итн. на личноста на која се однесува. Во нашето маало сите имаат прекари. Кој е твојот прекар?

прекарба | ж.

Прекор, укор. Ми се смачи од твоите прекарби.

прекардаши | св.

Претера, надмине мера. Тој прекардаши со шегата.

прекарува 2 | несв.

Нарекува некого со/по прекар.

прекаса | св.

Касне силно, прегризе. Му ја прекаса раката.