преквалификација | ж.

Оспособување за нова струка или професија. Во нашиот центар се организираат курсеви за преквалификација.

преквалификува | св. и несв.

Даде, дава нова квалификација, се обучи, се обучува за нова струка или професија. Работничкиот универзитет ги преквалификува сите техничари во работници во металската струка.

преквалифицира | св. и несв.

прекин | м.

Кратко, привремено прекинување на нешто што трае. Прекин на струјата. Прекини во работата. Тука со кратки прекини го помина својот век.

прекине | св.

Раздели на делови со кинење, со прекин. Тој ја прекина врвката. Ја прекина жицата на неколку места.

прекинувач | м.

Направа за вклучување и за исклучување на електричната струја. Го бараше прекинувачот на електричното ѕвонче. Го вклучи прекинувачот и светлина ја облеа собата.

прекипи | св.

За млеко, кафе ‒ искипи, претече кипејќи. Млекото прекипи од лончето. Го заборавив кафето и тоа прекипи.

прекисел | прид.

Што е премногу кисел. Прекисело грозје.

прекисели | св.

Закисели, поткисели премногу, повеќе отколку што треба. Таа ја прекисели салатата.

прекисне | св.

За тесто ‒ искисне, скисне премногу, повеќе отколку што треба. Лебот ми прекиснал.