прекладе | св.

Кладе, намести поинаку; кладе на друго место. Ги прекладов книгите на другата полица.

преклани | прил.

Пред две години. Се запознавме преклани.

прекласира | св. и несв.

Класира повторно или поинаку. Го прекласиравме тутунот.

прекласификација | ж.

Повторно или поинакво класифицирање според нови или поинакви критериуми. Ќе се направи прекласификација на определени производи.

прекласификува | св. и несв.

Класификува повторно или поинаку. Ги прекласификуваа играчите според возраста.

прекласифицира | св. и несв.

преклина | несв.

преклишира | св. и несв.

Клишира повторно, уште еднаш. Насловот на книгата го преклишира.

преклони | св.

Наведне, свие нешто. Детето ја преклони гранката и откина едно јаболко.