преклоп | м.

Место каде што нешто се преклопува. Фустан со преклоп.

преклопен | прид.

Што има преклоп, што се преклопува. Преклопен мост. Преклопен нож.

преклопи | св.

Стави преклопка на нешто, покрие, заклопи. Сите прозорци ги преклопи со капаци.

преклопка | ж.

заклопка.

прекове | св.

Искова, искове повторно, уште еднаш. Ги прекова потковиците на коњот.

преколне | св.

Колне, каже клетва за некого или за нешто. Ја преколнала во најмилото. Го преколна аир да не види од ништо.

прекоманда | ж.

Преместување од едно на друго место по службена должност. Доби прекоманда во најоддалечената караула.

прекомандува | св.

Премести некого по службена должност. Го прекомандуваа во друга чета.