прекоп | м.
Прекопано место во земјата. Длабок прекоп.
прекопа | св.
Ископа повторно, уште еднаш. Ја прекопаа бавчата, ама златото не го најдоа.
прекопира | св. и несв.
Извади, вади цртеж на тенка хартија, направи, прави копија на нешто. Сликата ја прекопира од една сликовница.
прекопне | св.
Премали. Прекопнав чекајќи те да дојдеш.
прекор | м.
Искажано некому незадоволство, неодобрување, осуда поради нешто. Во гласот имаше прекор. Му упати благ прекор. Подбивни прекори.
прекорен | прид.
Што има, што изразува прекор. Прекорен поглед. Прекорни зборови.
прекори | св.
Искара некого со прекор. Тој го прекори за незавршената работа. Мајката ги прекори децата. Наставникот ги прекори слабите ученици.
прекорлив | прид.
прекорувачки | прид.
прекос | м.
Трева што се добива при повторно косење во текот на истата година. Сено од прекос.