патоген | прид.
Што предизвикува болест. Патогена бактерија.
паток | м.
патока | ж.
Последна, слаба ракија при варење.
патоказ | м.
Знак кој го покажува правецот на патот, на каде оди патот. Патоказ на патот. Раскрсница без патоказ.
патоказен | прид.
Што се однесува на патоказ. Патоказен знак. Патоказна метална табла.
патолог | м.
Специјалист по патологија.
патологија | ж.
(мед.) Област од медицината што ја проучува природата на болестите кај живите организми, особено причинителите за функционалните и структурните промени во ткивата и во органите.
патопис | м.
Литературна творба во која авторот ги опишува своите впечатоци и доживувања од некое патување.
патописен | прид.
Што се однесува на патопис. Патописни белешки.
патописец | м.
Автор на патописи.