прекрои | св.

Скрои, искрои повторно или поинаку. Го прекрои фустанот.

прекрсти | св.

Стави на крст раце, нозе. Ги прекрсти рацете. Седна и ги прекрсти нозете.

прекршен | прид.

Глаголска придавка од прекрши.

прекрши | св.

Скрши, открши дел од нешто, раздели на два или повеќе делови со кршење. Го прекрши лебот насреде. Ја прекрши штицата. Го прекрши стапот.

прекршител | м.

Тој што прави прекршок, што прекршува нешто; Прекршител на прописи.

прекршок | м.

Постапка што е спротивна на даден пропис, закон, наредба и сл. Сообраќаен прекршок. Направи прекршок. Судија за прекршоци.

прекршочен | прид.

Што се однесува на прекршок. Прекршочна пријава.

прексиноќа | прил.

Завчера вечерта, некнивечер. Си дојдовме прексиноќа.