прелест | ж.

(црков.) Состојба на духот кога човекот мисли дека реално општи со ангелите или со светците, дека е удостоен да прави чуда, кога ја прифаќа измамата како реална слика во контраст со здравиот разум.

прелестен | прид.

Што е убав, прекрасен, извонреден. Прелестен раскажувач. Прелестен вкус. Прелестно лице.

прелет | м.

Лет, прелетување преку нешто. Мирен прелет над океанот.

прелета | св.

Со летање помине преку нешто. Прелетаа јато диви гуски над него.

прелив | м.

Слатка облога за торти, колачи и сл. Чоколаден прелив.

преливен | прид.

Што служи за преливање. Преливна цевка. Преливен канал.

прелиминарен | прид.

Подготвителен, претходен, воведен. Прелиминарни разговори. Прелиминарни истражувања.

прелиста | св.

Брзо изврти листови од книга, весник и сл. Ја прелиста книгата пред испит. Го прелиста весникот. Ги прелиста актите.