премолериса | св.

Молериса повторно, поинаку. Ги премолериса ѕидовите.

премоли | св.

Долго моли, преколнува. Цел ден ја моли, ја моли, ја премоли.

премолчен | прид.

Што не е спомнат, што не е кажан. Премолчен факт. Премолчена вистина.

премолчи | св.

Одбегне да каже нешто, се воздржи. Ги премолчи љубовните маки.

премор | ж.

Силен умор, замор, исцрпеност. Деновите и завршуваа со премор и изгладнетост. На работа заспа од премора

преморен | прид.

Што е многу уморен, исцрпен. Преморени работници.

премори | св.

Силно, претерано умори некого. Ги премори децата со работата.

премости | св.

Изгради мост преку нешто. Ја премостија реката.

премостлив | прид.

Што може да се надмине, совлада. Премостливи проблеми.

премота | св.

Одново намота. Го премота клопчето.