премиерен | прид.
Што се однесува на премиера. Премиерни филмови.
премиерски | прид.
Што му припаѓа, што се однесува на премиер. Премиерски мандат. Премиерски должности.
премија | ж.
Награда за успех во некоја работа.
премил | прид.
Што е многу, извонредно, премногу мил. Премило дете. Премили спомени.
премилостив | прид.
Што е извонредно, премногу милостив. Премилостив господин.
премин | м.
Место каде што се преминува. Пешачки премин. Граничен премин.
премине | св.
Мине, помине од едната на другата страна на нешто. Ја премина улицата. Го преминаа мостот. Преминаа преку граница.
преминлив | прид.
За река, планина – што може да се премине. Преминлива река.
премира | несв.
Премира од страв.
премиса | ж.
Претпоставка, теза од која се поаѓа во определени судови, искази. Тоа е мојата воведна премиса.