преминлив | прид.
За река, планина – што може да се премине. Преминлива река.
премира | несв.
Премира од страв.
премиса | ж.
Претпоставка, теза од која се поаѓа во определени судови, искази. Тоа е мојата воведна премиса.
премиски | прид.
Што се однесува на премија. Премиски пари. Премиски систем.
премисла | ж.
Премислена постапка. Гревот не се прави со премисла. Убиство со премисла.
премислен | прид.
Што е однапред смислен или планиран; обмислен. Премислена кражба. Премислена работа.
премисли | св.
Размисли добро за нешто. Премисли дали да се врати дома.
премија | ж.
Награда за успех во некоја работа.
премлад | прид.
Што е премногу млад. Премлада девојка. Премлади овошки.
премногу | прил.
Во преголема количина, претерано многу. Премногу јаде.