пренаселен | прид.
За град, област итн. – што има премногу жители, што е густо населен.
пренасели | св.
Насели град, област итн. со повеќе жители од можностите да бидат прифатени за вработување и нормален живот.
пренебрегне | св.
Занемари некого или нешто, не земе предвид, не обрне внимание. Го пренебрегнал барањето на работниците.
пренебрегнувачки | прид.
Што занемарува, што не зема предвид некого или нешто. Пренебрегнувачки однос.
пренесе | св.
Премести некого или нешто од едно место на друго или преку нешто (река, граница итн.). Со чун нѐ пренесе на другиот брег. Товарот го пренесоа со воз.
пренесувач | м.
Тој што пренесува, што е причина нешто да се пренесе (болест, глас, вест итн.).
прениже | св.
Наниже одново, на друг конец, по друг ред.
прениз | м.
Женски украс за на глава, нанижани сребрени пари во два реда на бело платно.
пренос | м.
Пренесување, превоз од едно место на друго. Извршија пренос на старите автомобили.
преносен | прид.
Што се однесува на пренос.