преодница | ж.
За овца, коза, крава – едногодишно животно што уште нема пород.
преодолее | св.
преодолив | прид.
Што може да се преодолее.
преокупација | ж.
Предмет на интересирање, главна грижа; зафатеност со нешто. Постојана преокупација. Основна преокупација. Литературни преокупации.
преокупира | св. и несв.
Обземе, обзема; премногу оптовари, оптоварува. Го преокупираат најновите настани.
преокупираност | ж.
Состојба на тој што е преокупиран, премногу зафатен со нешто.
преопаше | св.
Опаше повторно, по вторпат. Го преопаша самарот.
преора | св.
Изора повторно. Ја преораа нивата.
преориентација | ж.
Ориентација во друг правец, промена на ориентацијата; преориентирање.
преориентира | св. и несв.
Ориентира, насочи, насочува некого или нешто во друг правец.