преобразувач | м.

Тој што преобразува. Преобразувач на природата.

преобразувачки | прид.

Што се однесува на преобразба и на преобразување. Преобразувачки процес. Преобразувачки развој.

преобрати | св.

Изврши влијание врз некого да премине во друга вера, мислење, идеологија.

преобременет | прид.

Што е премногу обременет (со обврски, работа).

преобремени | св.

Премногу обремени некого со нешто (работа, задачи, обврски, проблеми и сл.).

преобуе | св.

Смени обувки. Мајката го преобу детенцето во чисти чевлиња.

преовлада | св.

Добие превласт, надвладее. Преовлада мислењето на научниците, а не на политичарите.

преоден | прид.

Што служи за преминување од една состојба во друга. Преодни одредби. Преоден период.

преодиште | ср.

Погодно место за преминување на река;