препразни | св.
Претури од едно во друго. Ги препразни бочвите.
препрати | св.
Испрати некого или нешто понатаму, на друго место. Кога ќе дојде, препрати го кај мене.
препраша | св.
Праша одново, повтори прашање. Се врати и го препраша за лекот.
препреден | прид.
Лукав, итар, склон на измама, на нечесност.
препрека | ж.
Тоа што го спречува движењето, пристапот до нешто; пречка. Поминаа многу препреки во планината.
препречи | св.
Стави нешто попреку, прегради пат, премин, пристап. На сред пат препречил една спила.
препржи | св.
Испржи повеќе од што треба. Го препржи месото.
препродава | несв.
препродавач | м.
Тој што препродава. Препродавачите работеа со висока маржа.
препродаде | св.
Продаде повторно нешто порано купено, купи па продаде. Трговците го препродадоа грозјето во странство.