препродажба | ж.

Продажба на тоа што било купено.

препромени се | св.

Одново се преоблече. Заврши со работата и се препромени за во црква.

препрочита | св.

Одново прочита познат, веќе прочитан текст. Ја препрочита книгата.

препрчали | св.

Преврти. Го препрчали столот.

препукне | св.

Доживее слом, се уништи (од болка, мака, тага, и сл.). Нешто препукна во него. Срцето му препукна.

препушти | св.

Отстапи некому нешто, остави на располагање, на користење. Му ја препушти компанијата на внукот.

преработи | св.

Преправи нешто сработено. Го преработи романот.

преработка | ж.

Измена на нешто во процесот на работа, обработка, добивање определен производ. Преработка на сончоглед. Преработка на сточни производи.

преработувач | м.

Лице што преработува нешто. Преработувач на млечни производи.