преполови | св.

Целото го подели на два дела, на две половини. Ги преполови парчињата.

препорака | ж.

Позитивно мислење или оцена за нешто со желба таквата оцена да се прифати. Директорот му напиша препорака на инженерот за новото работно место.

препорача | св.

Даде препорака, даде поволно мислење, оцена за некој, за нешто. Виново ми го препорачаа колегите.

препорачан | прид.

Што содржи препорака, што е во врска со препорака. Препорачана агенција.

препорачлив | прид.

Што може да се препорача, што заслужува препорака. Не се препорачливи летните пладневни прошетки.

препостеле | св.

Постеле одново, поинаку или со нешто друго. Препостели го креветот.

препотентен | прид.

Што се смета себеси за посилен, за надмоќен.

препотенција | ж.

Поголема сила, поголема власт, надмоќност.

преправи | св.

Направи нешто поинаку, на друг начин, преработи. Го преправи стариот фустан. Го преправи покривот на куќата.

преправка | ж.

Преработка, промена. Треба да има преправки на училишната зграда.