преразгледа | св.
Повторно разгледа, преиспита. Тие закони ќе бидат преразгледани.
прерами | св.
Земе преку рамо, нарами. Ја прерами пушката.
прерамка | ж.
Платнена лента што се префрла преку рамената за врзување, придржување на панталоните. Да не му беа панталоните закачени со прерамки, ќе му паднеа.
преран | прид.
Премногу ран, предвремен. Прерана смрт.
прерани | св.
прераскаже | св.
Прекаже со свои зборови, одново раскаже. Ја прераскажа лектирата. Тоа што го слушнав, ќе ти го прераскажам.
прерасказ | м.
Писмено или усно прераскажување на нешто прочитано или чуено.
прерасне | св.
Во развојот се претвори во нешто друго што е на повисок степен. Задругата прерасна во модерен комбинат.
прераспределба | ж.
Повторна, нова, поинаква распределба. Изврши прераспределба на парите.
прераспредели | св.
Повторно, поинаку распредели. Ги прераспредели семинаристите по секции.