пререди | св.
Одново нареди, подреди, намести. Ги пререди книгите во библиотеката.
пререже | св.
пререкува | несв.
пререче | св.
Префрли, приговори, прекори. Ми пререче за изборот на фустанот.
пререши | св.
Повторно, поинаку реши нешто. Ја пререшивме задачата.
прерипа | св.
Прескокне преку нешто. Ја прерипаа јамата.
прерипне | св.
Го прерипна потокот.
прерија | ж.
Пространа степа во Северна Америка.
прерогатив | м.
Исклучиво право на некој државен орган или на определено лице со висока функција.
преродба | ж.
Обновување, повторно раѓање на нешто по период на замреност. Градот доживеа преродба.