патриво | прил.
патрик | м.
патријарх_1
патрикана | ж.
(арх.) патријаршија.
патриот | м.
Родољубец. Млад патриот.
патриотизам | м.
Родољубие, родољубје.
патриотски | прид.
Што се однесува на патриот.
патрициј | м.
Во Римското Царство ‒ припадник на привилегираниот сталеж.
патријарх | м.
Врховен поглавар на самостојна православна црква. Цариградски патријарх.
патријархален | прид.
Што останува верен на старите традиции, што не го прифаќа новото, модерното. Патријархален живот. Патријархална средина. Патријархални родители.
патријархат | м.
Период од развојот на првобитното општество кога роднинството и наследното право се сметало по машка линија;