патријаршија | ж.
Црковна област со која управува патријарх. Пеќска патријаршија.
патрола | ж.
Мала група службени лица (војници, полицајци, стражари и др.) што врши контрола над нешто, што го надгледува редот и сл. Водач на патрола. Полициска патрола. Ноќна патрола.
патролен | прид.
Што е наменет за патрола. Патролна служба. Патролен чамец.
патролира | св. и несв.
Изврши, врши патрола на служба. Непријателот патролираше покрај реката.
патролџија | м.
Тој што врши патрола.
патрон 1 | м.
(истор.) Патрициј што бил покровител на малоимотни и неполноправни граѓани.
патрон 2 | м.
Фишек со каписла, барутно полнење и куршум. Сандаци патрони.
патронажа | ж.
Закрила, заштита, поддршка, покровителство; патронат.
патронажен | прид.
Што се однесува на патронажа_2 Патронажна сестра. Патронажно возило.
патронат | м.
Покровителство, спонзорство.