преследува | несв.
Гони, прогонува. Ловците го преследуваа пленот.
преслека | ср.
Облека, обично долна, за преслекување. Си носиме само преслека за еден ден. Долна преслека. Нова преслека.
преслекува | несв.
преслече | св.
Симне, соблече (од себе или од друг) едни алишта и облече други, промени облека или дел од неа; преоблече. Преслече кошула, облече потопло палто и веднаш излезе. Таа го преслече детето зашто беше испотено.
преслика | св.
Направи копија на слика, цртеж и сл. Го преслика цртежот на ткаенината и почна да крои.
пресло | ср.
пресложи | св.
Повторно сложи, нареди поинаку. Мораше да ги пресложи алиштата, за да ги собере во куферот.
преслоп | м.
преслуша | св.
Испита некого (ученик и др.) заради проверка на знаењето. Му постави неколку прашања од романот за да го преслуша.
пресмета | св.
Дојде до определен резултат со помош на сметање. Тој веднаш направи пресметка колку треба да им плати за превозот.