пресоздаде | св.

Повторно создаде, создаде поинаку; преработи. Тоа се народни приказни пресоздадени на мотиви преземени од усните умотворби.

пресол | м.

Солена вода во која се чува сирење, туршија и сл.; солило, саламура.

пресоли | св.

Стави премногу сол во јадење и сл. Внимавај да не го пресолиш јадењето.

преспа | ж.

Дебел слој од снег навеан, натрупан на едно место. Ветриштата натрупуваат високи преспи снег.

Преспа | ж.

Област во Македонија.

Преспанско Езеро | ср.

Езеро во Македонија.

преспие | св.

Помине некое време во спиење. Се прибира само навечер да преспие. Немаше каде да се испружи да преспие.