преспокоен | прид.

Многу спокоен, многу мирен.

пресрами | св.

Направи некој да престане да се срами, ослободи некого од срамење. Таа прва го заигра орото за да ги пресрами.

пресрет | м.

Пресретување, пресреќавање; средба. Се стрча по патот во пресрет на групата. Беше тоа првиот пресрет со новите соседи.

пресретлив | прид.

Што со задоволство секогаш излегува во пресрет, услужлив. Тие се добри и чесни луѓе, простосрдечни и пресретливи.

пресретне | св.

Излезе, се појави спроти некого. Тој ни раскажа дека на патот го пресретнале потерџии. Голем пес ги пресретна среде дворот.

пресреќен | прид.

Многу, прекумерно среќен. Мајка и татко ќе бидат пресреќни кога ќе имаш покрив над глава.

престави се | св.

(арх.) Умре.

престан | м.

Обично во изразот без престан – постојано, непрекинато, без сопирање. Неколку дена без престан врне. Човекот во шаторот без престан нешто објаснуваше. Тој не знае за престан.