престане 1 | св.

Прекине, прекрати, заврши некакво дејство, работа; излезе од некаква состојба. Веќе престана да прашува дали ќе дојде. Тој не можеше да престане да се смее. Огнот престана да гори. Таа никогаш нема да престане да ве сака.

престанок | м.

Крај на некакво дејство, случување; престанување, прекин. Престанок на работниот однос. Престанок на постоење на организацијата.

престап | м.

а) (прав.) Кривично дело што подлежи на казна според законот. Политички престап. Стопански престап. б) Непристојна, недолична постапка. Мајка ми никогаш не кренала рака на нас, за да казни некои наши детински престапи.

престапалка | ж.

Погача или тесто во форма на стапало што се дава кога детето ќе прооди; постапалка.

престапен | прид.

Што се однесува на престап Престапно дело.

престапи | св.

Стапи со чекор преку нешто (линија, праг), премине преку нешто. Престапи преку прагот од вратата и тргна да се поздрави.

престапник | м.

Тој што извршил престап; престап а).

престапништво | ср.

Вршење престапи како појава во општествениот живот; криминал. Се забележува пораст на престапништво.