престар | прид.

Премногу стар. Се почувствува изморен, стар, престар.

престарен | прид.

Што е многу остарен. Сѐ уште сме јаки, не сме престарени.

престари | св.

Стане престар, премногу остари. Престаре и ретко излегува од дома.

престаса | св.

При движење (одење, возење) престигне, остави зад себе некого или нешто; претекне некого. Трчаше брзо, за да го престаса. Автомобилот ги престаса.

престасан | прид.

За овошје, зеленчук – презреан. Престасана лубеница.

престегне | св.

Цврсто стегне, обвие околу нешто. Ги престегна добро своите обувала. Го престегна снопот сено и го нарами.

престига | несв.

престигне | св.

При движење (одење, возење) престаса, остави зад себе некого или нешто. Тој се зачуди кога побрзала и го престигнала.

престиж | м.

Углед, авторитет, добро име што во јавноста го ужива некое лице, група, професија, култура и др. Јазик со престиж. Културен престиж. Борба за престиж.

престижен | прид.

Што има престиж, угледен, авторитетен. Престижен издавач. Престижна награда. Престижен натпревар.