престилка | ж.

Вид работна облека со различен крој, што се носи над другата облека и служи за заштита од валкање. Си облече престилка и фати да го подготвува јадењето. Слугинката носеше бела престилка. Ученичка престилка.

престои | св.

Помине некое време во стоење. Цела ноќ ја престои на прозорецот, чекајќи го.

престол | м.

Свечен стол, трон на монарх; симбол на власта на монархот. По него дојде на престол неговиот син. Народот го симна од престолот.

престолен | прид.

Што се однесува на престол. Престолен град. Престолна сала.

престолнина | ж.

Главен град на монархија; престолен град. Царот ги повика во својата престолнина.

престолонаследник | м.

Наследник на престолот.

престорен | прид.

Лицемерен, неискрен, дволичен. Престорено пријателство. Престорена љубезност.

престори | св.

Даде некому поинаков лик, преобрази, промени некого или нешто. Животот в туѓина го престори, го направи друг човек. Го заградија балконот и го престорија во соба.

престој | м.

Престојување, задржување во некое место определено време. Тој замина на едномесечен студиски престој.