претанчи | св.

Направи да биде нешто премногу танко;

претарашува | св. и несв.

Тарашува, бара, пребарува. Цел ден претарашува низ куќа и не може да ја најде книгата.

претвора | несв.

претворач | м.

Тој или тоа што претвора

претвори | св.

Промени нешто во нешто друго. Сите пари ги претворил во злато, и го скрил златото. Тој се обиде сета работа да ја претвори во шега.

претворлив | прид.

Што може да се претвори во нешто друго.

претег | м.

Тоа што претега, натежнува.

претега | несв.

претегне | св.

Цврсто, јако стегне; престегне. Тие му ги притегнаа рацете со јажето.

претежен | прид.

Што претега, што надвладува, што е поголем по број, по важност и сл. Претежниот дел од нашиот народ се занимаваше со земјоделство.