претежок | прид.
Што е премногу, претерано тежок. Работата ми стана претешка.
претек | м.
претекне | св.
претекст | м.
Изговор, оправдување. Тие одолговлекуваат под претекст дека сѐ уште не се создадени основните услови за работа.
претекува 1 | несв.
претекува 2 | несв.
претендент | м.
Тој што претендира за нешто, што полага право на нешто.
претендира | св. и несв.
Изрази, изразува претензии за нешто, бара, истакне, истакнува свои права на нешто. Тој претендира за престолонаследник. Не претендирав да кажам нешто оригинално по секоја цена.
претензија | ж.
Силна желба, стремеж да се постигне нешто; барање на некого да му се признаат заслуги, права, способности. Авторот има претензии за добивање на овогодишната награда. Трудот нема претензии на сеопфатност. Територијални претензии.
претенок | прид.
Премногу, претерано тенок; Платното беше тенко, претенко.