претенциозен | прид.
Што има големи претензии, барања; што има високо мислење за себе. Неговата замисла во практика се покажа како претенциозна и неизводлива. Тој беше претенциозен актер.
претенчи | св.
претепа | св.
Силно, многу натепа некого. Чуварот го фатил во крадење и го претепал.
претера | св.
Премине мерка, определена граница во нешто; прикаже, претстави нешто поголемо отколку што е. Тој веќе поретко се напиваше, гледаше да не претера. Колегата малку претера, малку преувеличи некои работи.
претеран | прид.
Глаголска придавка од претера. Шесте години претерани во војна му го изменија карактерот.
претесен | прид.
Премногу, претерано тесен. Патот беше претесен и колите тешко се разминуваа.
претеча | м.
претече 1 | св.
Престане да тече, истече докрај; пресуши. Селската чешма секна, претече.
претече 2 | св.
Го извади ќесето со тутун, ама трговецот го претече.
претешко | прил.
Премногу, претерано тешко. Бавно, претешко и преслабо излезе на песокот и падна.