претсметковен | прид.
Што се однесува на претсметка. Претсметковен биланс.
претсмртен | прид.
Што станува непосредно пред смртта. Претсмртни маки. Претсмртен час. Претсмртна исповед.
претсмртник | м.
Лице што е на смртна постела, на умирање. Претсмртникот воздивна.
претсмртнички | прид.
Претсмртничка постела.
претсобје | ср.
Простор во кој се влегува од врата во стан или во куќа, обично со врати што водат во другите простории. Ги собу чевлите во претсобјето. Стан со мало претсобје.
претспрема | ж.
Претходна подготовка.
претстава | ж.
Изведба пред публика на пиеса, музика, танц и сл. Театарска претстава. Претстава во циркус.
претставеност | ж.
Застапеност. Соодветна претставеност. Непропорционална претставеност.
претстави | св.
Соопшти нечие име на формален начин; запознае со друг. Го претстави гостинот на пријателите. Да ви го претставам мојот свршеник.
претставител | м.