претставителен | прид.
Што остава забележлив впечаток како квалитетен, успешен за да биде претставен во јавноста. Претставителен човек.
претставителски | прид.
претставителство | ср.
претставка | ж.
Писмено барање. Поднесе претставка.
претставник | м.
Лице што претставува, застапува нечии интереси. Претставник од синдикатот. Претставник од училиштето.
претставништво | ср.
Установа, канцеларија што претставува, застапува нечии интереси. Конзуларно претставништво. Трговско претставништво.
претстоен | прид.
Што претстои, што доаѓа во најблиска иднина. Претстојни натпревари. Претстојна свадба. Претстојна седница.
претстои | св.
Се очекува да се случи набрзо; следува, наближува. Претстои систематска анализа. Ни претстои долг пат.
претстража | ж.
Стража распоредена пред главнината на војската како заштита од ненадеен противнички напад.
преттеча | ж.
Лице или настан што создава услови за дејноста на други лица или за појава на други настани; претходник, предвесник.