преубав | прид.

Што е извонредно, премногу убав. Преубаво дете.

преувеличен | прид.

Што е претставен како претерано голем, претерано важен. Преувеличени проблеми. Преувеличени успеси.

преувеличи | св.

Претстави некого или нешто во поголеми размери одошто се. Ги преувеличи работите. Ги преувеличи резултатите. Му ги преувеличи заслугите.

преумора | ж.

Силен умор, исцрпеност; Од преумора не можам да заспијам.

преуморен | прид.

Што е премногу уморен, исцрпен, папсан; Преуморена кобила. Преуморен рудар.

преумори | св.

Силно, многу умори; Патувањето го преумори.

преупати | св.

Упати во друга насока или на друго место. Ја преупатија колоната кон соседниот град.

преуреди | св.

Уреди повторно или на поинаков начин. Ја преуреди куќата. Го преуреди животот.

преустрои | св.

Устрои повторно или поинаку; Ја преустрои администрацијата.