претумба | св.
Преврти. Зајачето го претумба кошот.
претура | несв.
претури | св.
Истури од еден сад во друг; преточи. Ако го претуриш виното од бурето, ќе нема талог. Претура млеко во шишиња.
претходен | прид.
Што му претходи на нешто. Претходни настани. Претходна одлука. Претходен месец.
претходи | несв.
Оди пред нешто во време или редослед. На договорот му претходеа тешки преговори.
претходник | м.
Лице или предмет што му претходи на друго / друг. Им се заблагодари на своите претходници во фирмата. Самодовербата е претходник на успехот.
претходница | ж.
претходничка.
претхристијански | прид.
Што се однесува на епохата пред христијанството. Претхристијански религии. Претхристијанска митологија. Претхристијанска ера.
претчувство | ср.
Интуитивно чувство за нешто што може да се случи; инстиктивно чувство. Имам претчувство дека ќе роди син. Имаше претчувство дека некој ја демне.
претчувствува | несв.
Има претчувство; насетува, предосетува. Претчувствува зло. Претчувствува силна бура.