пау! | изв.
За подражавање на звук од истрел на огнено оружје или експлозија. Пау, пау, исплашено викаа малите деца.
пауза | ж.
Одмор, починка. Ќе чукнеше еднаш камбаната и по пауза уште еднаш. По долга пауза ѕвончето пак заѕвони. Тој направи мала пауза за да го потенцира она што следуваше. Пауза на вработените.
паузира | св. и несв.
Направи, прави пауза; се одмори, се одмора. Лекарите паузираа долго.
паун | м.
Крупна птица со прекрасни шарени перје и долга опашка кај мажјакот што ја шири во форма на лепеза; Pavo cristatus
паунов | прид.
Што се однесува, што му припаѓа на паун. Паунов пердув.
паунски | прид.
паупер | м.
Осиромашен човек, сиромав.
пауперизам | м.
Состојба на крајна сиромаштија, општа осиромашеност на народот.
пауперизација | ж.
Масовно и долготрајно осиромашување на населението, особено на некои негови слоеви, на селанството, работништвото.
пауперизира | св. и несв.
Направи, прави некого сиромав; осиромаши, осиромашува.