патронен | прид.
Во изразот: патронен празник ‒ што се однесува на денот на кој се прославува патронот.
патроним | м.
Презиме изведено од името на таткото или на некој предок.
патронимен | прид.
Што се однесува на патроним. Патронимен речник.
патронство | ср.
Заштита, закрила, покровителство; патронажа.
патронташ | м.
Кожена торба за чување патрони, куршуми.
патува | несв.
За луѓе ‒ оди од едно место на друго пеш или со превозно средство. Тие ноќе патуваат донекаде по патот. Студентите патувале цела ноќ со воз. Луѓето патуваа далеку. Тој патувал околу светот со брод.
патувачки | прид.
Што патува од едно место на друго со некаква цел. Патувачки циркус. Патувачка театарска група.
патување | ср.
Глаголска именка од патува. Долго патување. Далечно патување.
патче 1 | ср.
Младо од патка. Диви патчиња.
патче 2 | ср.
Патека. Кривулесто патче. Козјо патче. Тесни патчиња.