паус | м.

Вид танка проѕирна хартија за копирање.

паушал | м.

Сума што е приближно определена.

паушален | прид.

Што е приближно определен. Паушален износ. Паушална наплата.

пафлак | м.

Месо од стомакот и градите, под ребрата.

пафта | ж.

Украс од женската народна носија, тешки метални токи за запетлување на појасот. Сребрени пафти.

пациент | м.

Тој што се обраќа кон лекар за медицинска помош, болниот во однос на лекарот што го лекува.

пацифизам | м.

Политичко движење што настојува сите проблеми да се решаваат по мирен пат, што истапува против секаков вид воена агресија.

пацификација | ж.

Воспоставување мир.

пацифист | м.

Приврзаник на пацифизмот.