преферанс | м.
Вид игра со карти за тројца играчи.
преференција | ж.
Привилегија, предност.
преференцијален | прид.
Што дава, што овозможува, привилегија, предност, олеснувања на нешто. Преференцијален договор за трговија.
преферира | св. и несв.
Претпочита, претпочитува, даде, дава предност некому или на нешто. Ја преферира формата пред содржината.
префикс | м.
Јазичен елемент што се додава на почетокот на зборот и со него образува нов збор.
префиксира | св. и несв.
Додаде, додава елемент како префикс на збор.
префиксиран | прид.
Што има префикс. Префиксиран глагол. Префиксирани форми.
префинет | прид.
Што е извонредно фин, рафиниран; Префинет вкус. Префинет хроничар. Префинет тон.
преформира | св. и несв.
Одново или поинаку формира, даде, дава нова форма; преуреди, преуредува, преустрои, преустројува.
преформулација | ж.
Искажување на поинаков начин, давање на друга формулација.