преформулира | св. и несв.

Искаже, искажува на поинаков начин, измени, изменува формулација. Го преформулира прашањето.

префорсира | св. и несв.

Премногу форсира. Го префорсира проблемот.

префриган | прид.

Што е исклучително лукав и снаодлив; препреден. Префригано дете.

префрли | св.

Фрли преку нешто. Ја префрли топката преку оградата. Ја префрли пушката преку рамо.

прехрана | ж.

Земање храна за одржување на организмот; хранење.

прехранбен | прид.

Што се однесува на прехрана или што се користи како храна. Прехранбени артикли.

прехрани | св.

Обезбеди храна за исхрана. Успеа да го прехрани семејството.

прецапа | св.

Со цапање помине преку/низ нешто.

прецвета | св.

За цвет – овене. Розите од сонцето брзо прецветаа.

прецеди | св.

Исцеди течност низ цедилка и сл. Прецеди ја маста дури е топла!