преѕида | св.
Изѕида повторно, уште еднаш нешто што е урнато, разрушено. Ја преѕидаа старата црква.
прејаде | св.
Нахрани, даде храна некому во големо количество. Таа секогаш ги прејадува децата. Тој го прејаде детето со благи работи.
прејаден | прид.
Што изел големо количество храна. Прејадени крави мукаа низ полето.
прејасен | прид.
Што е премногу јасен, очигледен. Прејасни докази.
прејде | св.
Помине, премине од една на друга страна. Карванот ја прејде реката. Таа ја прејде улицата. Тие прејдоа во друг вагон.
прејудицира | св. и несв.
Однапред определи, определува нешто, предвреме донесе, донесува заклучок за нешто. Не треба да ги прејудицираме работите.
прељуба | ж.
Нарушување на брачната верност, браколомство. Изврши прељуба. Прељубата за некои е смртен грев.
прељубезен | прид.
Претерано, премногу љубезен. Прељубезен човек.
прељубник | м.
Тој што врши прељуба. Бесрамен прељубник.
прељубничка | ж.
Гревот на прељубничката е откриен.