призема | несв.

приземе | св.

Земе повторно уште малку од нешто. Треба да приземам уште малку компир за садење.

приземен | прид.

Што се наоѓа близу до површината на земјата. Приземен кат. Приземна куќа.

приземница | ж.

Приземна куќа.

приземје | ср.

Дел од куќа, зграда и сл. што се наоѓа близу до површината на земјата, под катот. Во приземјето го пречека татко му. Таа живееше во мала соба на приземјето.

приземји | св.

Спушти безбедно авион или друго летало на земја; атерира. Пилотот го приземји авионот.