привкус | м.

Дополнителен вкус на нешто. Соленикав привкус во устата.

привлече | св.

Приближи кон себе. Таа го привлече детето и го бакна. Тој привлече еден стол и седна. Магнетот ги привлече металните делови. Молекулите на водородот ги привлекоа водородните атоми.

привлечен | прид.

Што привлекува со своите квалитети; примамлив. Привлечен крај. Привлечен мирис. Привлечна тема. Привлечни студии.

привнесе | св.

Внесе уште нешто, воведе дополнително. Последните зборови привнесоа поголема метафоричност на говорот. Тој привнесе текст во второто издание на книгата.

привремен | прид.

Што трае кратко време, што е определен да трае до некој рок. Привремен карактер. Привремена управа. Привремено решение. Привремено вработување. Привремено засолниште.

приврзан | прид.

Што е искрен, верен, предан, постојан во односот кон некого или нешто. Приврзан кон семејството. Приврзан кон родниот крај.

приврзаник | м.

Тој што е приврзан на одредена идеја, учење, партија, личност и др.; следбеник. Приврзаник на мирот. Приврзаници на новите секти. Приврзаник на демократските сили во земјата.

приврзе | св.

Врзе за нешто. Тој го приврзал магарето за трупецот пред куќата. Детето го приврза кучето за оградата.

приврзок | м.

Украс со мал отвор или со прстенче што се прикрепува на синџирче, ремче и др. и се носи на гуша. Златен приврзок. Приврзок на кожено ремче. Приврзок во форма на цвет.

приврши | св.

Приведе кон крај започната работа; заврши. Мајсторите привршија со малтерисувањето. Привршија подготовките за свадбата.