прикраде се | св.
Се приближи, дојде, влезе крадешкум, потајно, незабележано. Се прикрадов до кујната, пазејќи да не зачкрта кваката. Му се прикраде од зад грб и го исплаши. Месечината се прикраде и ја преплави одајата.
прикрај | прил.
По страна, по крајот (од пат, од улица). Внимавајте и одете прикрај.
прикрека | св.
За жаба – почне одненадеж да крека.
прикрене | св.
Поткрене малку. Ги прикрена нозете за да одмори. Прикрене глава.
прикрепи | св.
Потпре со нешто за да го направи поцврсто, посигурно; прицврсти. Тој ги прикрепи гранките со еден стап.
прикрепник | м.
Глава на семејството, стопан; домаќин.
прикрие | св.
Со покривање скрие од поглед; покрие малку, скрие нецелосно.; подзатскрие. Дење ќе ги прикријат во некоја шума, а ноќе ќе патуваат. Облакот го прикри сонцето.
прикриен | прид.
Глаголска именка од прикрие.
прикриено | прил.
Скриено, потајно. Најопасни се токму оние луѓе кои злото ќе ти го направат прикриено, под маската на пријателство.
прикрпи | св.
Со крпење поправи нешто искинато, распарано. Таа му ги прикрпи чорапите. Собуј го чевелот да ти го прикрпам.