приклучен | прид.

Што се приклучува, што служи за поврзување. Приклучни апарати.

приклучение | ср.

Необична случка, авантура. Твојот живот е преполн со интересни приклученија.

приклучи | св.

Присоедини, спои, поврзе, додаде кон нешто, дополни. Кон ова издание тој приклучи и обемен речник.

приклучок | м.

Тоа со што се приклучува, поврзува нешто, што служи за приклучување кон нешто. Телефонски приклучок. Електричен приклучок.

прикова | св.

Прицврсти, прикрепи нешто со шајки, со окови; закове. Ја приковав откачената полица.

прикован | прид.

Глаголска придавка од прикове 2. Што е вкочанет, неподвижен; прикове 2. Прикован поглед.

приколка | ж.

Превозно средство без сопствен моторен погон што се закачува за друго моторно возило. Мотоцикл со приколка. Трактор со приколка.

прикопа | св.

Копа малку, кусо време; покопа. Прикопа со мотиката и толку, другото ми го остави на мене.

прикоси | св.

Коси уште малку.

прикочи | св.

Забави, подзапре малку движење на нешто со кочница.