прикука | св.

За кукавица – почне одненадеж да кука.

прикупи | св.

Купи повторно уште малку од нешто. Не ми стаса шеќер за слаткото, па прикупив.

прилага | несв.

прилебен | прид.

Житороден.

прилева | несв.

прилега | несв.

Сличен е со некого или со нешто. Едното дете прилега на мајка си. Деновите прилегаа еден на друг. Нејзиното раскажување прилегаше на бајка. Оддалеку ова прилегаше на кавга.

прилегне | св.

Легне до некого или до нешто. Таа прилегна до мене и ми прошепоти. Мачката прилегна до неговите нозе.

прилее | св.

Долее, налее уште малку; притури. Тој им прилеа вино во чашите.

прилежен | прид.

Вреден, работлив. Тој е прилежен во учењето. Селаните се зафатија со многу прилежно обработување на полето.

Прилеп | м.

Град во Македонија.