примрак | м.

Времето пред смрачување, ни ден ни ноќ; самрак. Паѓа примрак врз селото.

примрачен | прид.

Што е исполнет со примрак. Примрачна шума.

примрда | св.

Одеднаш почне да мрда. Детето примрда во сонот. Во тревата примрда желка. Рибата примрда во мрежата.

примре | св.

Одеднаш изгуби свест, одеднаш се онесвести. Мајка му примре од жал.

примрежи се | св.

Одеднаш се замагли, стане нејасен (за очи). Му се примрежи погледот.

примрзи ме | св.

Одеднаш ме фати мрза. Ја примрзи да стане.

примртка | св.

Детето примртка лево-десно и заспа.

примула | ж.

Декоративно растение, градинарска јаглика; Primula abconica.

примус | м.

Лесно пренослива направа за готвење на шпиритус или на друго погодно гориво.

принабере | св.

Набере дополнително, уште малку. Ќе принабереме уште дрва ако треба.